269
Министерството за Правда денеска добило изветување од турските власти дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, информација која до медиумите беше лиферувана пред неколку моменти.
-Министерството за правда ве известува дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена, стои во дописот од правда.
Како што е познато Палевски е во екстрацидионен притвор во Турција. Тој е осомничен за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.
Палчо е првоосомничен во истрагата за грабнување и убиство на свиреп начин на малолетната Вања и на Панче Жежовски.