Манекенка, наставничка по јога и готвачка-аматер Руби Деј води необичното кулинарско шоу на YouTube, Cooking Naked Recipe- Деј готви само во костим за капење или со кулинарска престилка над голото тело – и поради тоа (или поради добрите рецепти?) таа има завиден број од 450.000 следбеници.
Црвенокосата Деј од Тексас, САД, прави сè – од мафини до салати до тестенини – и заработува илјадници фунти месечно со видеата во кои готви скоро гола, пишува The Sun.
Нејзините видеа имаат и редовни машки обожаватели кои се заинтересирани за готвење поради неа, а ако престилката малку ѝ се помрдне, Руби ги покрива своите интимни делови од телото во видеата со разни емотикони.
Иако нејзините видео рецепти во просек траат околу две минути, некои од нив се прегледани речиси милион пати.