Говедска супа со зеленчук за вечера или појадок

од Elena Daskalova
715 прегледи

Супите и чорбите содржат месо, зеленчук и зачини, чија комбинација помага и да се заситите, но и да се затоплите во ладните зимски денови.

Состојки:

2 главици кромид
600 гр говедско месо
2 ловорови листа
4 чешниња лук
Бибер и сол
Зеленчук за супа
100 гр грашок
70 гр претходно пржен и карамелизиран кромид

Подготовка:

Месото исецкајте го на што помали парчиња. Кромидот исецкајте го и пропржете го во нелеплива тава, без масло, додека да добие кафеава боја. Месото и зачините, заедно со штотуку испржениот кромид, варете ги најмалку ва часа на тивко. Исецкајте го зеленчукот (морков, целер, компир, магдонос) и додадете го во водата 30 минути пред крајот на варењето. При самиот крај додадете го грашокот. Кога е готова супата, во секоја чинија ставете од карамелизираниот кромид и потоа ставете супа.

Слични содржини