Говор на Тејлор Свифт од 2016 искористен за инспиративна реклама

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Мотивирачки говор на пејачката од минатогодишната церемонија на врачување на наградите “Греми” беше претворен во дел од рекламната кампања на овогодинешното шоу. Во 2016 година 27-годишната пејачка ја зачуди публиката, кога при добивањето на наградата за “Најдобар албум” одржа страстен говор. Со неа таа ги повика младите жени да не се откажуваат од својата страст и никогаш да не го губат фокусот, додека ги исполнуваат своите соништа.

Во новото промотивно видео, објавено денеска од Националната академија за снимање (која ги организира “Греми” -та), зборовите на Свифт се цитирани од млади жени со различна професионална реализација и потекнуваат од различни сфери на животот, вклучувајќи танчерки, музичари и спортисти.

“Сакам да им кажам на сите млади жени во светот: секогаш ќе има луѓе на вашиот пат, кои ќе се обидат да ви го одземат успехот, да си ги присвојат заслугите за постигнувањата или дури и угледот. Но, ако се фокусирате на работата и не дозволувате на слични индивидуи да ви отстапат од патот, тогаш еден ден, кога ќе стигнете до посакуваната цел, ќе можете да се огледувате и да сфатите дека вие самите и луѓето кои ве сакаат, сте вистинските виновници да стигнете таму. И тоа ќе биде најпрекрасното чувство на светот. ”

Видеото, именувано “Ти беше”, е дел од овогодинешната кампања на “Греми” церемонијата со мото “Верувај во музиката”. Таа ќе се одржи на 17 февруари.