Говорот на Апасиев ги револтираше пратениците, Законот за државјанство повторно заглави

од Берта Китинска
282 прегледи

Маратонски говори на политичката партија „Левица“ ги револтираше пратениците на албанската опозиција кои вчера побараа да зборува поконкретно за амандманите за измените на Законот за државјанство.

-На тензичната расправа, дел од пратениците на Алијанса и Алтернатива за Албанците, се заканија дека ќе биде прекинато излагањето на пратеникот Апасиев. На заканите, пратеникот Апасиев возврати дека тој не чита поезија, за разлика од некои кои читаат и дека тој зборува на правни теми поврзани со државјанство.Во триесет години парламентарна демократија, ниту една влада не се осмелила да одземе збор на комисиска расправа, соопшти „Левица“.

Претходно и опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку процедурални забелешки се изјасни дека амандманите се лоши, а дел и противуставни. Предлагачите Алијанса и Алтернатива велат прашањето да не се политизира бидејќи се работи за помош на неколку илјади граѓани.

Седницата беше одложена на неодредено време. Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива поднесе вкупно 10 амандмани, со кои се менува предлог-законот за државјанство.