249
Говорот на рускиот претседател Владимир Путин предизвикува страв од ескалација на конфликтот и заканите што тој ги упати мора да се сфатат сериозно, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Џилијан Киган.
Таа за „Скај њуз“ изјави дека Западот нема контрола врз ситуацијата, а не е сигурна ниту дека Путин има контрола, па очигледно ќе има ескалација на конфликтот.
Путин денеска најави делумна мобилизација.