Граѓаните должат 230 милијарди денари во банките

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Минатогодишниот чист банкарски профит, по оданочување, е 157,3 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Ако се споредат податоците со 2021 година која ја завршија со профит од 148,8 милиони евра, излегува дека лани вкупната добивка на 13 банки во земјава се зголемила за 8,5 милиони евра, или за 5,7 отсто, што не е импозантен плус за еден вака во принцип солидно профитабилен сектор.

Нето приходите од камати им носат убедливо најмногу пари на банките, па на оваа основа тие заработиле дури 287 милиони евра, што во однос на претходната година е пораст за цели 32 милиони евра.

Нето приходите од провизии и надоместоци лани достигнале над 101 милиони евра, што е раст за 10 милиони во споредба со 2021 година. Пораст има и кај нето приходите од курсни разлики, кои достигнале лани 29 милиони евра и каде порастот е за 10 млиони евра.

Но, затоа пак ставката останати приходи од дејноста кај банките е серозно намалена и тоа за над 20 милиони евра, сведувајќи се на помалку од 42 милиони евра во 2022 година.

На расходната страна има пораст на сите значајни ставки. Загубите поради резервации на лошите кредити се 70 милиони евра лани и тоа е раст за седум милиони евра. Трошоците за вработените се 93 милиони евра во банкарскиот сектор, што е зголемување за пет милиони евра, што значи или се зголемиле платите, или има нови вработување во македонските банки.

Целата анализа на следниот линк!

Слични содржини