264
Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ од стадионот во Доха ги бодреше фудбалерите на хрватската репрезентација во големата победа (4:1) над Канада, а по натпреварот се огласи на социјалните мрежи.
Поранешната претседателка истакна дека е горда на избраниците на Златко Далиќ, а посебна порака испрати и до канадскиот премиер Џастин Трудо.
„Каква одлична утакмица на Светското првенство. Толку сум горда на хрватскиот тим. Канада се бореше храбро. Џастин Трудо, ми недостигаше твоето друштво вечерва. Со гордост ја носев народната носија од Посавина и го претставив нашето наследство и националните бои“, порача Колинда на Фејсбук.