Град колку портокал ја погоди јужна Словенија (видео)

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Невреме проследено со град со големина на портокал ги погоди синоќа јужните делови на Словенија, предизвикувајќи значителна штета.

Словенечкиот национален центар за вонредни состојби објави дека значителна штета е предизвикана во Кочевје и Чрномељ, како и во Рибница и Содражица.
Според љубљнски медиуми, ангажирани биле 79 противпожарни бригади за да му помогнат на локалното население.

 

https://www.youtube.com/watch?v=DWxw6yRI28U