Град Скопје го разгледа Предлог-буџетот за 2021. година, истиот намален од минатата година за 8,5%

387 прегледи

Советот на Град Скопје на денешната седница се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021. година, соопштија од таму.

Во услови на значајно влошување на економското окружување и голема економска криза како последица од Ковид 19, подготвен е Буџетот на Град Скопје за 2021. година со кој ќе се имплементират начелата за економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност, во насока да се обезбеди извршување на сите законски надлежности на Градот Скопје, со подобро буџетско планирање и извршување.

„Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи како и нивно рационално користење“, известија од Град Скопје.

Како што информираат од таму, согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година се предлага износ од 7,2 милијарди денари вкупни приходи и други приливи.

Во предлогот, како што велст, се планира и дел од вишокот приходи остварен во минатите години, во износ од 477 милиони денари.

Инаку во споредба со 2020 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2021 година, се намалува за 8,5 посто.

Слични содржини