По објавите на социјалните мрежи каде граѓаните алармираа за поставување на жица на патеката на Водно, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и Инспекторат на град Скопје денеска се обидуваат да утврдат кој ја поставил жицата на патеката, соопштија од Градот.
Во меѓувреме поставени се ознаки за видливост за да се спречат можни повреди.
Иако, според првичните информации, се работи за приватен имот, жицата е отстранета заради општата закана по безбедноста на рекреативците на Водно.