Град Скопје распиша конкурс за директор на МКЦ

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Град Скопје распиша конкурс за директор на јавната установа Младински културен центар.  Право на пријавување имаат сите државјани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат законските услови за пријавување, опишани во Статутот на МКЦ.

– Покрај главните услови за пријавување кои мораат да бидат исполнети, како имање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик, 5 (пет) годишен работен стаж во областа на културата или 5 (пет) години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело, кандидатите потребно е да поднесат и пријава со кратка биографија и програма за работа и развој на установата, се вели во соопштението од Град Скопје.

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на страните на социјалните мрежи на установата. МКЦ ги поканува сите активни чинители во културата, индивидуалци со искуство во менаџмент на проекти од областа на културата, докажани познавања и вистински ентузијазам да се пријават

Слични содржини