Град Скопје распредели 13.300.000 денари за 177 проекти од областа на културата

од Nikola Popovski
156 прегледи

Градот Скопје донесе одлука за распределба на предвидените 13.300.000 денари за проекти во областа на културата во 2022 година. На јавниот повик кој беше објавен во октомври минатата година, беа повикани сите заинтересирани да го поднесат своето барање за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје.

На повикот пристигнаа 564 апликации, а Градот Скопје донесе одлука за поддршка на 177 проекти, соопштија од Градот.

Според нив, во областа на визуелните уметности и уметност на новите медиуми поддржани се 29 проекти со вкупна вредност од 1.482.000 денари;

-Во областа на изведбените уметности  поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 2.785.000 денари;

Во областа на музичките уметности поддржани се 65 проекти со вкупна вредност од  6.433.000 денари;

Во областа на издавачката дејност и библиотекарство поддржани се 20 проекти со вкупна вредност од 960.000 денари;

Во областа на меѓународната соработка поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од  1.100.000 денари;

Во областа на  културниот туризам, промоција на културното наследство и музејска дејност поддржани се 15 проекти со вкупен износ од  540.000 денари, наведоа од Градот преку соопштение до јавноста.

Слични содржини