Проектот за реконструкција на Универзална сала е подготвен нестручно и непрофесионално, од страна на претходното градско раководство, кое знаело за проблемите кои постојат при изведувањето на овој проект, но истото го сокриле од јавноста. Факт е дека доколку претходниот градоначалник спровел соодветна анализа пред да се земе овој дониран проект по кој се изведуваат градежните активности, вакви проблеми немало да постојат, соопштија попладнево од Град Скопје.
Според нив, градоначалничката Данела Арсовска направила целосен увид во состојбата на објектот, но и во техничката документација за изведување на реконструкцијата на Универзалната сала, каде е увидено врз основа на Извештајот за активности во врска со реконструкцијата и адаптацијата на објект ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, дека проектот е во две фази, реконструкција на фасада и кровен покривач, како и реконструкција и адаптација на внатрешното уредување за кое не постои ниту проект.
-Во горенаведениот извештај е наведено дека изведувачот на почетокот на самата реконструкција се соочува со низа проблеми од обемен карактер, низа на неочекувани состојби со градежно коснтруктивните елементи, постојни темели на места каде се предвидени нови конструктивни елементи, кои се уредно евидентирани од страна на надзорниот орган и се констатирани како недостатоци.
Претходниот градоначалник Шилегов започнал да врши реконструкција и да споведува проект за кој во рамки на втората фаза не предвидел ни дека е потребен ниту проект за изведување, тоа говори само за непрофесионалноста со која се терала реконструкцијата на културниот објект.
СДСМ не треба да ја лаже јавноста туку да го праша претходниот градоначалник дали 120 милиони евра за реконструкција на Универзалната сала биле потрошени на објект чиј проект за изведување не соодејствувал со изведување на проектираните градежни активности и кој сериозно може да ја загрози безбедноста на граѓаните, стои во соопштението од тимот на Арсовска.