221
Од Град Скопје известуваат дека изминативе денови украдени се повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел.
„Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација. За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР“, стои во соопштението од градот.
Тие воедно апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас.