Град Скопје денеска соопшти дека започнуваат со расчистување на депонијата крај реката Лепенец во општина Ѓорче Петров.

– Оваа стара дива депонија има големина колку 15 фудбалски игралишта. Град Скопје денес започна со расчистување на оваа депонија, а со враќањето на Дрисла под градот се дава можност просторот кај депонијата да биде зазеленет и отворен за користење, велат од Градот.