Град Скопје најави целосна реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска најави целосна реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ која е под надлежност на Град Скопје, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој ќе го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

Како што информираат денеска од Град Скопје, со целосната реконструкција се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје, нагласуваат, е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните.

Од Град Скопје велат дека се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

Слични содржини