Градежен работник загина откако врз него паднала плоча

од Берта Китинска
348 прегледи

Вчера  во 20:15 часот во Полициска станица Гостивар од Итната медицинска помош било пријавено дека во село Добри Дол, гостиварско во куќата сопственост на Ќ.С.(56), која била во фаза на реконструкција, констатирале смрт кај Р.А.(56) од село Градец,гостиварско на кој, според пријавеното, при извршување градежни работи паднал дел од плочата од куќата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Слични содржини