Градоначалникот Касами во официјалната посета на Австрија

од Radmila Tasevska
228 прегледи

Во рамки на официјалната посета на Австрија, градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, оствари средби со значајни претставници. Со Карл Хајнц-Дерношег – комерцијален директор во Штаерска, се разговараше за продлабочување на соработката во управувањето со отпадот, додека со г-дин Манфред Ебер од Општина Грац се разговараше за размена на искуства во економскиот развој. Со Карл Хартлеб – директор на Центарот за меѓународна соработка, разговараа за учеството на Тетово во меѓународната соработка, со цел привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места. Средбата заврши со посета на фабриката „Заубермахер“, каде што се разговараше за можноста за изградба на слична фабрика во Тетово за решавање на проблемот со отпадот во градот и регионот.

Слични содржини