Градоначалникот Мицевски организираше прием за семејствата на бранителите од Крива Паланка

од Aleksandar Petrovski
275 прегледи

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, организираше прием за децата и семејствата на бранителите од Општина Крива Паланка.

Мицевски им посака среќни празници од име на Општина Крива Паланка и од име на Советот на Општината, многу здравје, среќа и успех во Новата година.

Истакна дека никогаш не смееме да го заборавиме делото на бранителите и жртвата која тие ја дадоа.

-Да не забораваме ниту на вас како семејства, кои сето тоа го носат на своите плеќи. Затоа, ние како општина постојано соработуваме со Здружението на бранителите и ги следиме вашите барања и во контекст на таа соработка, го реализиравме вашето барање од минатата година и го преименувавме спортскиот објект, кој сега го носи името „Бранители 2001“, а во тек е и постапката за поставување спомен плоча пред спортската сала. Со тоа ја заокруживме таа целина, и  оставаме еден траен белег и спомен за идните генерации, за делото на нашите бранители, истакна Мицевски.

Претседателот на здружението „Бранители 2001″, Владе Стојановски, рече дека се задоволни од соработката со локалните институции и националната управа, министерства и останати, и истакна дека во изминатиот период остварени се барањата на најголем дел од вкупно 219 семејства на бранители, и во однос на обесштетување, како и за станбено прашање. Оостанува нерешено прашање кај 19 семејства, чии случаи, рече, се во процедура.

Слични содржини