Градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ ја повредил ногата додека пливал по Светиот крст во реката Врбас.
Имено, откако стигнал на брегот, Станивуковиќ излегол со крваво стапало, кое очигледно го исекол. Градоначалникот на Бања Лука бил згрижен од екипа на Брза помош која била на лице место.
„Градоначалникот на Бања Лука се здоби со полесни повреди на стапалото. Откако беше згрижен од медицински работници, тој се врати на ручек со останатите капачи“, велат неговите соработници, пренесоа српските медиуми.
https://www.youtube.com/watch?v=LZTX_fxZgbg&feature=emb_title