218
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска поднесе формална оставка за да почне да се создаваат законски услови за одржување на изборите кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале и на белградско ниво на 17 декември. .
Поднесувам формална оставка, но посветено ќе го водам Белград до денот на изборите и последниот тест за довербата на белграѓани, најави Шапиќ.
„Градоначалничката работа ќе продолжам да ја извршувам со иста посветеност, за да се обезбеди непречено спроведување и реализација на сите револуционерни општествени мерки, како и на проектите што ги реализиравме, започнавме или најавивме, а кои го одбележаа периодот од кога дојдов на оваа позиција“, објави тој.