Градоначалникот на Бостон забрани скокање преку прозорците во снег

од desk3
86 прегледи

Градоначалникот на американскиот град Бостон Мартин Волш издаде специјална наредба со која им забрани на луѓето да скокаат од прозорците во снег.

430x310

“Тоа е глупаво и може да се повредите сериозно”, предупреди градоначалникот Мартин Волш, цитиран од BBC.

“Последното нешто што сакаме е повик на итен телефон поради некој кој скокнал низ прозорецот, бидејќи одлучил дека е многу забавно”, коментира градоначалникот во изјавата.

Февруари стана најснежниот месец во историјата на градот со 10 пати повеќе снег во споредба со нормалните. Денес во Бостон продолжува да врне снег и натрупа дополнителни 5 сантиметри, иако снегот од претходната снежна бура така и не успеа да се стопи.

Североисточниот дел на САД беше зафатен пред два дена од последната серија од виулици и ниски температури – до 17 степени под нормалата. Ситуацијата се влошува од силните ветрови. Делови од земјата се парализирани, на многу места се затворени училишта, а и државните институции ..