Градоначалникот на Будва уапсен во акција на Специјалното обвинителство

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Градоначалникот на Будва и висок функционер на прорускиот Демократски фронт, Мило Божовиќ, беше уапсен во акција на Специјалното државно обвинителство во четвртокот на 13 април.

Обвинителството засега не соопштува за какви дела се товарат уапсените, меѓу кои и Божовиќ, но дека се работи за истрага за двe кривични дела.

На собраниската Комисија за безбедност веднаш реагираше лидерот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, кој го отфрли сомнежот дека неговиот функционер Божовиќ сторил какво било кривично дело.

„Добив информација дека претресот на куќата на Мило Божовиќ е во тек и дека ќе се претресува и неговиот деловен простор, а тој е осомничен за тешки кривични дела,“ рече Мандиќ.

„Специјалниот обвинител ќе мора да приложи многу докази за да ги оправда овие тврдења“, додаде Мандиќ во својата прва реакција.

Претходно портпаролот на специјалниот обвинител Вукас Радоњиќ за РСЕ соопшти дека Специјалното полициско одделение со логистичка и оперативна помош на Единицата за антитероризам на полицијата презема мерки и дејствија во рамки на истраги за два кривични случаи.

„Јавноста ќе биде навремено информирана за евентуалното лишување од слобода на одредени лица и за резултатите од тековните мерки и дејствија“, рече обвинителот Радоњиќ.

Тој додаде дека апсењето е извршено по наредба на обвинителството, со поддршка и асистенција на Агенцијата за соработка и спроведување на законот на Европската унија – ЕВРОПОЛ.

Слични содржини