Градоначалникот на Гази Баба по синоќешниот инцидент во Синѓелиќ: Излегов сам меѓу револтираните граѓани за да ја смирам состојбата тоа е моја должност и обврска

од Берта Китинска
321 прегледи

По вчерашниот инцидент кога поголема група жители на Ченто излегоа да протестираат во полициски час затоа што полицијата приведе тројца нивни сожители поради прекршување на забраната за движење, градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски се огласи на Фејсбук.

,,Почитувани граѓани, сакам да ја објаснам ситуација во Синѓелиќ за сите оние кои не ја разбраа до крај, или пак поради неинформираност не ја доловија вистината. Точно е дека вечерва(синоќа) во населеното место Синѓелиќ дојде до нарушување на полицискиот час од поголема група на граѓани. Јас како градоначалник самоиницијативно излегов на лице место откако дознав дека нешто се случува, што е и моја обврска, со една единствена цел, да ја смирам состојбата и да се врати сѐ во нормала, без никакви дополнителни инциденти.

За да не се шират дезинформации, ве известувам дека три лица од страна на полицијата се однесени на информативен разговор во ПС Гази Баба. Исто така не е точно дека лицата биле физички нападнати од страна на полицијата, поради што и се собрала групата.

Како градоначалник излегов сам меѓу револтираните граѓани за смирување на состојбата. Тоа е моја должност и обврска. Откако се објаснивме жителите се разотидоа во своите домови.

Затоа апелирам до сите да не се шират непроверени или половични информации, кои можат да влијаат во нарушување на јавниот ред и мир или да внесат паника или бес кај граѓаните“-напиша Георгиевски.

Слични содржини