Градоначалникот на Јегуновце: Управител на фирма ме омаловажуваше и ми се закануваше

од Nikola Popovski
224 прегледи

Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден. Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на општина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум, информира денеска градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиновски.

Според него, лицето кое се заканувало на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој 2 месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот.

-Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор. Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше.

Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пети пат му укажувам дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури, бара исплата на 4 000 евра односно 4 фактури по 60 000 +ддв, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот, информира Костадиновски.

Тој додава дека управителот на фирмата револтиран го пријавил во полиција.

-Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал. Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце, се произнесе градоначалникот на прес-конференцијата.

Слични содржини