301
Повеќе од 200 цивили се уште се со припадниците на украинските сили во големата фабрика за челик Азовстал во Мариупол, изјави денеска градоначалникот Вадим Бојченко.
Тој рече дека околу 100.000 цивили се уште се во градот на југот на Украина, кој беше окупиран од руските сили, пренесува „Ројтерс“.
Евакуацијата на цивилите од Азовстал започна на први мај, со помош на ОН и Меѓународниот Црвен крст.