Градоначалникот на Маврово и Ростуше е заразен со Ковид-19

од Nikola Popovski
269 прегледи

„Сакам да Ве известам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид 19 направив тест и тестот испадна позитивен. Јас сум во добра состојба и ќе останам во домашна изолација“, соопшти градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.

„Се надевам дека не сум придонесол за понатамошно ширење на оваа зараза.

Упатувам апел за почитување на мерките за заштита“, дополнува Куртовски во објавата на својот Фејсбук профил.