223
Градоначалникот на Милано, Џузепе Скала, денеска изјави дека експлозијата која се случи во центарот на тој град не е последица на тероризам или на какво било криминално дејство.
Скала додаде дека ситуацијата е под контрола и дека нема загинати, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, противпожарната бригада соопшти дека во експлозијата поради која се запалиле неколку возила е повредено најмалку едно лице.