278
Градот Хвар го суспендира воведувањето на 5G технологија сè додека не се докаже дека технологијата нема негативно влијание врз луѓето и околината, беше објавено во четвртокот на официјалната веб-страница на Хвар.
Градскиот совет на Хвар едногласно донесе одлука за телекомуникациските базни станици и воведување на 5G технологија, со која го суспендира воведувањето на 5G технологија во градот Хвар сè додека независен и непристрасен студија докаже дека технологијата нема негативно влијание врз луѓето и околината.
Врз основа на одлуката, Градскиот совет ќе формира работна група која ќе се обиде да ја испита причинско-последичната врска помеѓу сите извори на зрачење и ракот во наредните шест месеци.