397
Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.
-На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување, соопштија од Градот Скопје.