„Градски паркинг“- Скопје најавува контроли за непрописно паркирани возила

од Берта Китинска
186 прегледи

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ги засилува контролите за непрописно паркираните возила, поради што упатува апел до корисниците да внимаваат на правилата за паркирање на своите возила, со што не би се соочиле со несакани санкции т.е. поставување блокатор на тркало или отстранување со пајак службата.

Од претпријатието информираат дека изминатата недела биле утврдени повеќе случаи на непрописно паркирани возила на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина и слично, при што соодветно било постапено по налог на полиција или комунален инспектор.

ЈП „Градски паркинг“ апелира до корисниците на паркинг услугите да внимаваат на вертикалната и хоризонталната сигнализација и своите возила да ги паркираат исклучиво на паркиралиштата на означени паркинг места. Исто така, апелираме сите корисници навреме да го регулираат плаќањето на паркинг услугата преку СМС порака или со греб картичка истакната на предното ветробранско стакло – велат од претпријатието.

Слични содржини