Почна последната седница на Градскиот совет на Загреб за оваа година. Ќе се дискутира за 31 точка, а најважната и прва точка на дневен ред е усвојувањето на општинскиот буџет за 2026 година.
Опозицијата поднесе 45 амандмани и дополнувања, а се очекува дебатите за буџетот да продолжат до доцна попладне.
Предложениот буџет за 2026 година е најголемиот во историјата на Загреб откако стана главен град на Хрватска. Тој е 3,15 милијарди евра и за околу 1,5 проценти повисок од минатата година.
Тој вклучува проекти што градските власти сакаат да ги завршат – стадион, базен и реконструкција на зграда прогласена за заштитено индустриско место во историјата на Загреб, како и изградба на уште 10 градинки, јавуваат хрватските медиуми.