(ВИДЕО) Граѓани организирани на соц. мрежи собраа пари за да ја платат казната на Милорад Георгиевски

од desk3
90 прегледи

 

Граѓаните собраа пари за даму ја платат казната на Милорад Георгиевски на кој му беше пресудено да плати голема казна зашто на пазар продавал 15 коприви, а му ги пресметале и 20-те марули од соседната продавачка која избегала кога ја видела инспекцијата. Неговата приказна вчера ја објави Телма, ја презедоа интернет порталите, а тоа предизвика бум од револт на социјалните мрежи

milorad_georgievski
Поради таквото постапување на судот, граѓани организирани преку социјалните мрежи денеска во едно кафуле во Скопје ги собраа парите за да му ја платат казната на пензинерот Георгиевски.

Тој во сторијата на Телма рече дека нема иако го молел судијата да не му изрекува казна повисока од неговата пензија, судот го казнил со 150 евра.