По социјалните мрежи, се шири фотографија од Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на Водно, каде граѓани тврдат дека истиот е прислилно земен и предаден на планинарскиот клуб Х2О.
Како што велат далеку од очите на јавноста Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, со соодветен алат ги откорнала бравите на влезната врата на планинарскиот дом и го предала истиот на владение на клубот Х2О.
„Целта на овој упад е да се превземе планинарскиот дом, кој шест децении беше отворен за сите негови посетители без оглед на длабочината на џебот, кои во него наоѓаа засолниште, место за одмор, закуска, дружење и негово претворање во комерцијален угостителски објект. Со овој чин СЕ ЗАТВОРА последниот јавен објект за одмор и рекреација на граѓаните на планината Водно ГРАДЕН СО ПАРИ НА НАШИТЕ РОДИТЕЛИ, ДЕДОВЦИ И БАБИ!!!“, се вели во објавата.
Тивко и подалеко од очите на јавноста, вчера неколкумина од раководството на Федерацијата на планинарски спортови на…
Posted by Jugoslava Dukovska on Среда, 17 март 2021