Граѓаните ќе имаат можност за проверка на струјомерите, доколку излезе дека е неточен, тогаш плаќа ЕВН

од Milan1
625 прегледи

Пуштањето на новата лабораторија за проверка на струјомерите во рамките на Бирото за метрологија е за да се даде избор на граѓаните ако се сомневаат дека нивното броило отстапува од предвидените параметри. Ова е ставот на Министерството за енергетика и на Бирото за метрологија од каде пак велат дека немаат информации дека има неточни броила во државава. Од Бирото посочуваат дека и во моментов има акредитирана лабораторија која ја врши оваа проверка., пренесува ТВ21.

Таа е на ЕВН, но е акредитирана од државниот Институт за акредитација, чии претставници еднаш годишно излегуваат на терен засилени со луѓе од Бирото и ја оценуваат оваа лабораторија дали ги исполнува законските критериуми.

„Видете, доколку мерачот излезе дека е во ред, тогаш плаќа тој што доставил барање, во случајов граѓаните, доколку излезе дека е неточен, тогаш плаќа ЕВН.“, вели Седад Рушани, директор на Бирото за метрологија.

 

Слични содржини