Данската полиција спроведува кампања за амнестија на оружјето која трае до крајот на ноември. Во оваа акција граѓаните имаат можност да го предадат оружјето без да бидат обвинети за недозволено поседување. Нивната цел е да се намали количината на нелегално пронајдено оружје на улиците, кое често завршува во рацете на криминалните групи. Во последните неколку години насилството меѓу таквите групи е во пораст, а со тоа доаѓа и зголемената употреба на оружје.
Како што известува Århus Stiftstidende, во кампањата досега се собрани повеќе од 16.000 оружја, вклучително и офицерски коњички сабји и историски мечеви.
Оружјето што го носат граѓаните полицијата ќе го уништува, а од историско значење ќе им биде предадено на музеите.
– Ве охрабруваме да ги разгледате вашите работи во потрага по наследства, сувенири или оружје што ги имате од која било причина, изјави заменик полицискиот инспектор Кристијан Риис, додавајќи дека се надеваат дека ќе соберат што е можно повеќе оружје за да не заврши во погрешни раце.
Полицијата ги предупреди граѓаните дека оружјето како експлозиви, мини, хемикалии и сл. да не ги носите самите во полициските станици, туку да повикате полиција за безбедно да се изврши примопредавањето.
Последната ваква акција се случи во 2017 година, кога полицијата собра речиси 20.000 парчиња оружје.