Граѓаните повеќе се информираат преку Интернет – онлајн медиумите со поголемо влијание од телевизиите, покажува анкетата „Еврометар“

од Nikola Popovski

Граѓаните доминантно за сите теми се информираат преку интернет, покажува резултатите од најновата анкета Еврометар 2023, објавена од „Евротинк – центар за европски стратегии“. На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 проценти од испитаниците одговориле преку интернет, потоа следат 43,5 отсто преку телевизија, 12,5 проценти од пријатели/фамилија и 1,8 отсто преку радио. Околу 13,4 проценти од испитаниците одговориле дека не се информираат.

Резултатите покажуваат и дека над 90 проценти се информираат од социјалните мрежи, а 28,2 отсто од онлајн портал – медиуми.

Во врска со прашањето кој односно каков е изворот од Интернет за политичките теми, истражувачите заклучиле дека највисоко рангиран извор за политички информации, со „освоени“ 93% од максималниот можен скор (100%), се социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и Подкаст. Онлајн порталите се значително послабо рангирани со освоени 24% од максималниот скор, а онлајн платформите на постоечки радио станици или ТВ канали се рангирани со само 7% освоени бодови.

Најголем дел од граѓаните или 33,7 проценти ретко ги следат темите за надворешната политика, односно евроинтеграциските процеси на земјава. Околу 26,1 отсто следат често, а 21,4 проценти редовно. 17,6 проценти од граѓаните.

Слични содржини