„Граѓаните за Македонија” во сабота ќе протестираат за правда и одговорност за Мартин Нешкоски

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Соопштение на коалицијата „Граѓаните за Македонија”:

gragjanite

Коалицијата „Граѓаните за Македонија” го поддржува и се приклучува на протестот „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!”, затоа што, и после четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и  одговорност за неговата смрт.Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки, в сабота, на 6 јуни, во 18 часот, масовно да излеземе пред Владата на РМ и громогласно да порачаме дека Македонија мора да стане држава во која ќе има правда за сите и во која ќе се почитуваат и штитат основните човекови слободи и права.

Се додека нема правда, нема ниту мир!