Граната го погоди седиштето на мировните сили на Обединетите нации во Либан

од Radmila Tasevska
325 прегледи

Граната денеска го погоди седиштето на мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), што е втор ваков инцидент откако изби војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пред три недели.

– Граната ја погоди внатрешноста на базата Накура, изјави Андреа Тененти, портпарол на привремените сили на ОН во Либан.

Тој додаде дека нема повредени или материјална штета и оти УНИФИЛ проверува кој ја испукал гранатата.

Слични содржини