172
Во руско гранатирање во текот на ноќта во украинскиот град Запорожје загинаа најмалку две лица, а оштетени или уништи се неколку станбени згради и избиле пожари, изјави рано во четвртокот регионалниот гувернер Олександр Старух.
Една жена загина во гранатирањето, а друга на пат кон болница како резултат на седум руски напади, напиша Старух на Телеграм.
„Најмалку пет лица се под урнатините на зградите“, наведе тој. „Многу луѓе беа спасени. Меѓу нив има и тригодишно девојче, детето е згрижено. Акцијата за спасување продолжува“.
Запорожје е еден од четирите украински региони анектирани од Русија. Киев вели дека никогаш нема да го прифати нелегалното заземање на својата територија, а анексијата е осудена и од сојузниците на Украина.