Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ извести дека задутре (6 август) Граничниот премин „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 8 до 14 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“.
По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.