Гранките на терористичката мрежа

од desk3
96 прегледи

Белгиската и француската полиција постепено почнуваат да собираат ја сложувалката за врските меѓу атентаторите од Париз и Брисел. Кој е изработил експлозивни уреди? Кој ги давал командите, кои се помагачите?-анализира DW.

0,,19148873_303,00

Гранките на терористичката мрежа во Белгија и Франција постепено излегуваат на јаве. Секој претрес и секое апсење во Брисел, Париз, Италија, или Холандија водат до нови траги и им дава на истражните органи нови информации. Еве краток преглед на она што го знаеме досега.

Нападите против аеродромот и метрото во Брисел се извршени од четворица Белгијци со миграциски корени. Двајца од атентаторите се саморазнесоа во салата за чекирање. Третиот бомбаш најверојатно избегал. Полицијата објави фотографии и снимки од видео камери на аеродромот. На нив се гледа човек во бело сако со темна капа и очила. Обвинителството идентификува двајцата бомбаши-самоубијци како Наџи Лаахрауи и Ибрахим Ел Бакрауи. Четвртиот бомбаш кој се саморазнесе во метростаницата “Малбек”, е идентификуван како Халид Ел Бакрауи и е брат на Ибрахим Ел Бакрауи.

0,,19135107_404,00
Двајцата браќа Бакрауи биле во врска со единствениот преживеан напаѓач од Париз – Салах Абдеслам. Неколку дена по нападите во Брисел, тој беше уапсен во бриселскиот кварт Моленбек. А малку пред тоа Салах Абеслам успеа да се лизне од рацете на полицијата и избега. Во престрелката во засолништето на Абдеслам полицијата го застрела Алжирецот Мохамед Белкаид. Се претпоставува дека тој е еден од организаторите на терористичката мрежа.

“Индипендент”: А зошто Камерон и Обама молчат за заземањето на Палмира?

Врската Париз – Брисел
Важна улога во нападите во Париз и Брисел играл и атентаторот-самоубиец Наџи Лаахрауи. Тој ги изработил појасите со експлозив за париските бомбаши и бомбите кои се користат во Брисел. Во конспиративното сместување во бриселскиот кварт Шербек каде се произведени бомбите, истражителите открија ДНК од Баахрауи. Лаахрауи и Абдеслам биле во врска со Абделхамид Абаауд, за кого се смета дека ги планирал нападите во Париз.

0,,19138318_404,00

Пет дена по терористичките напади во Париз тој беше застрелан при специјализирана полициска операција во соседството Сен Дени.Според податоци на истражителите и бриселскиот експерт по тероризам Клод Моник, Абделхамид Абаауд бил во врска и со атентаторите кои го нападнаа еврејскиот музеј во Брисел во 2014 година , со оние кои нападнаа една црква во Франција во април 2015 година, како и со атентаторите кои го нападнаа експресниот воз “Талис” по трасата кон Париз во август 2015 година.

По нападите во Париз и Брисел белгиските и француски полицајци уапсија голем број осомничени лица. Во јануари 2015 година беше разбиена терористичка ќелија во белгискиот град Вервие, која исто така била поврзана со Абделхамид Абаауд.

0,,18862759_404,00
Во последните денови белгиската полиција уапси уште осомничени во различни белгиски градови. По сослушувањето дел од нив беа ослободени. Човекот кој се сметаше за трет бомбаш-самоубиец од аеродромот Фејсал Шефу беше ослободен. Обвинителството не ја потврди претпоставката дека токму Фејсал Шефу е “мажот со шапката” од аеродромот “Завентем”. Уште еден помошник на терористичките ќелии од Париз се крие. Станува збор за Мухамед Абрил, кој бил близок соработник на Салах Абдеслам. Истовремено француската полиција објави дека успеала да спречи нов напад во Париз малку по нападите во Брисел.