Денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска соопшти дека во периодот од 5 до 11 април, седумте инспекциски служби направиле 6.038 контроли, од кои најголем дел ги спровел Државен пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат регистрирал 4.591 контрола и 623 надзори поврзани со почитувањето на протоколите за почитување на работата на угостителски објекти. При извршените надзори изречени се 25 прекршочни пријави, а донесени се 107 решенија за констатирани неправилности и 67 прекршочни платни налози.
„Од вкупниот број решенија, три се донесени поради непочитување Законот за заштита на населението од заразни болести и тоа за угостителски објекти во Струга, Гостивар и Битола пришто сите три се затворени на лице место и им се изречени прекршочни платни налози“, изјави Грашкоска.
Таа напомена дека од 1 март до сега, пазарниот инспекторат успеал да затворени 36 угостителски објекти поради прекршување на здравствените протоколи, а воедно им се доставени и прекршочни платни налози.
Инспекторите од Државениот здравствен и санитарен инспекторат во посочениот период издал 2.000 решенија помалку во однос на минатата недела, односно издадени се 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица кои биле заболени од ковид-19 или биле во контакт со заболено лице. Дополнително овој инспекторат извршил 90 надзори, за што изречени се 15 решенија.