Грчева: Не отворам врата за пописот, ниту на моите деца не им отворам во вакви услови на пандемија

од Nikola Popovski

„Попис ни е потребен, таквата операција е нужна, но не сум за шверцерски работи и брзање во време на пандемија. Немам намера да отворам врата никому, дури во вакви услови ни на своите деца не им отворам“, вели претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, зборувајќи на тема за престојниот попис.

Според неа, ако се става европско знаменце на ваквиот закон, во тој случај треба да се почитуваат и европските регулативи за изведување на попис.

„Треба да ги попишуваме луѓето кои се резиденти и оние најмногу до една година што ја имаат напуштено земјата, а не секој и секого. Сметам дека во вакви услови, граѓаните масовно нема да отвораат врати за попис“, смета Грчева.

Слични содржини