Генералштабот на грчката армија ги демантираше натписите во дел од грчките медиуми дека се поплавиле хеликоптерите стационирани на воениот аеродром во близина на Волос и соопштија дека се безбедно префрлени на сува писта „согласно постоечките, важечките и стандардните процедури за безбедност на материјал и објекти“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од армијата објаснија дека првично биле пренесени хеликоптерите што се функционални и оперативни, а потоа оние што се неактивни, стари веќе 60 години и со години повлечени од активна употреба, а токму од тие хеликоптери биле фотографиите објавени во дел од медиумите.
По натписите во „Ајидисис“ и „Документо“ за случајот со хеликоптерите, реагираа од опозициската СИРИЗА, додека пак владиниот портпарол коментираше дека станува збор за „фејк њуз“.