Грчки европратеник: Нема потреба некој од Македонија да става слушалки за превод кога се зборува на бугарски јазик

од Nikola Popovski
189 прегледи

Европратеникот од Грција, Емануил Кефалојанис вчера порачал дека нема потреба претставниците од Македонија да ставаат слушалки за превод кога некој зборува на бугарски јазик. Изјавата на Кефалојанис дошла за време на седница на Европскиот парламент.

„Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие ставате слушалки. Ајде да направиме експеримент. Зборувајте на вашиот јазик, да видиме дали нашите бугарски колеги ќе стават слушалки за да го слушнат преводот на тоа што имате да го кажете. Дури и многу официјални претставници на вашата земја и министри прифатија дека вашиот јазик е 90% сличен на бугарскиот“, рекол Кефалојанис.

Тој повторно го покрена прашањето за употребата на уставното име на Македонија од страна на домашните власти.

„Новата влада што се појави по неодамнешните избори во вашата земја продолжува да го користи терминот „Македонија“ и „македонски“, со што го прекршува најважниот услов во Договорот со Грција“, додал грчкиот европратеник.

Кефалојаник доаѓа од редовите на грчката Нова демократија, чијшто лидер е актуелниот грчки премиерот Кирјакос Мицотакис.

По потпишувањето на Договорот од Преспа во 2018 година, Република Македонија го промени уставното име во Република Северна Македонија.

Слични содржини