Грчки град жали за Дедо Мраз: Тргнал да дели подароци, починал 20 минути пред полноќ

од Nikola Popovski
579 прегледи

Цела Ламија, град во Грција, жали за ненадејната смрт на Дедо Мраз, познат меѓу жителите на ова место. Станува збор за Никос Спанос (48) кој имал срцев удар 20 минути пред полноќ.

Според извештајот на грчкиот портал „Ламија репорт“, како и секоја година, и оваа година, Никос облекол црвен костум на Дедо Мраз и го обиколил градот за да подели подароци, но неговото срце не издржало.

Никос Спанос започна да се занимава со културниот живот на градот во 1993 година, додека своите услуги ги давал на општината Ламија повеќе од 20 години.

Пред тоа, тој работел во фабриката Чипита, додека бил и фудбалски судија неколку години. Тој имал две деца на возраст од 19 и 15 години.

Слични содржини