Натпреварот меѓу Динамо и АЕК, кој требаше да се одигра вечерва во 20:45 часот во рамките на третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, е одложен, а новиот термин ќе биде објавен подоцна, пренесува грчкиот портал „Спортал“.
Имено, ноќта помеѓу понеделникот и вторникот дошло до големи судири меѓу хулигани од двата навивачки табори, при што убиено е едно 22-годишно момче од Грција.
По сите овие грозоморни детали, било одлучено натпреварот да се одложи, откако УЕФА итно се сретнала со организаторите. Како што се наведува, претставниците на АЕК за се што се случило го обвиниле хрватскиот клуб и полицијата и потоа го напуштиле состанокот.
Во овој момент сметаме дека е незамисливо и параноично да учествуваме на состанокот, на кој се присутни и претставниците на Динамо Загреб, додека жалиме за загубата на животот на нашиот навивач и за она што се случи вчера, се вели во краткото соопштение на АЕК.
Одложувањето се уште не е официјално потврдено од УЕФА.