Грчки полицаец уапсен со 100 кг марихуана во патролен автомобил

Осомничениот бил приведен во пристанишниот град Игуменица по претходна полициска потера заедно со Албанец за кој било откриено дека се вози во неозначеното полициско возило

од Бети Божиноска
220 прегледи

Полицаец на патролна должност во северозападна Грција бил уапсен во петокот под обвинение за дрога бидејќи наводно го користел својот службен автомобил за шверц на марихуана, соопштија властите.

Осомничениот бил приведен во пристанишниот град Игуменица по претходна полициска потера заедно со Албанец за кој било откриено дека се вози во неозначеното полициско возило. При претрес на автомобилот биле откриени 102 кг, се вели во полициското соопштение.

Се вели дека приведениот грчки полицаец ги игнорирал наредбите на своите колеги да застане за претрес и брзо се оддалечил, а запрел дури откако изгубил контрола над возилото и удрил во паркирани автомобили.

Полицијата, исто така, уапсила уште еден полицаец  кој бил на патролна должност со осомничениот во петокот, а кој наводно бил пронајден во кафуле оддалечено околу 20 км. Сите тројца осомничени се соочуваат со обвиненија поврзани со дрога.

Подрачјето Игуменица е во близина на границата со Албанија, преку која во Грција се прошверцуваат големи количества марихуана.

Слични содржини